Назив на проект: Зелено претприeмништво
Цел: Главна цел на проектот е да се зголемат можностите за кариера на младите луѓе употребувајќи го нивниот креативен потенцијал преку развивање на нивните компетенции неопходни за давање на иницијативи за зелено претприемништво и збогатување на пазарот на трудот со нови работни позиции преку поттикнување на креирање на нови социјални и зелени претпријатија.
Во рамките на проектот се реализираше осумдневна обука „Зелено претприемништво“ на следниве теми:
- Едукативен пристап кон животната средина на ЕУ и еко-социјално претприемништво;
- Еко-социјално претприемништво - Што претставува? Како можеме да го развиеме?;
- Повеќе пристапи и алатки за разбирање на еко-социјалното претприемништво;
- Зелени работни места и можности за младите луѓе;
- Теренски патувања и екскурзии низ Струмица;
- Културни разлики и традиции преку организирање на интеркултурни вечери;
- Работа на проект: учесниците имаа можност да работат заедно на осмислување и да развијат идеи и прототипи кои може да ги искористат во локалните заедници.
Вкупен број на учесници: 23 учесници од 10 земји: Италија, Литванија, Турција, Шпанија, Бугарија, Македонија, Хрватска, Романија, Германија, Ирска
.
Вкупен број на учесници: 23 учесници од 10 земји: Италија, Литванија, Турција, Шпанија, Бугарија, Македонија, Хрватска, Романија, Германија, Ирска.
Овој проект овозможи активно вклучување на сите партнерски организации со цел успешно спроведување на сите фази како и градење на капацитети и зајакнување на вештините на младите луѓе на полето на еко- социјално претприемништво, иницирање соработка и размена на идеи и искуства помеѓу младите луѓе од различни земји.
Период на имплемантација: ноември 2015 до мај 2016
Донатор: Европска комисија преку Еразмус плус програмата и Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност на РМ.