Друго делување - Разумно користење на енергија

Назив на проект: Разумно користење на електрична енергија

Опис на проектот: секоја година преку „зелените енергетски клубови“ формирани во секое основно училиште беа едуцирани по 60 ученици од три основни училишта за разумно користење на електричната енергија. На крај во секое училиште се организираа отворени денови на кои се презентираше работата на Зелените клубови. Како завршна активност беше учеството на децата од овие клубови на национален квиз кој се одржува во Струга. Во реализацијата на овој проект покрај ЕД Планетум учествуваа уште 4 НВО-и од Р. Македонија.

Период на имплементација: континуирано од 2007 година

Донатор: ЕВН Македонија