Друго делување - Проект Цивика Мобилитас

Назив на проект: Програма за поддршка на граѓанското општество Цивика Мобилитас

Преку програмата за поддршка на граѓанско опшество Цивика Мобилитас, ЕД Планетум доби финансиска поддршка за институционален развој и организациско јакнење. Во рамките на институционалниот развој ЕД Планетум предвидува голем број на активности кои се насочени кон постигнување на мисијата на организацијата како и зголемување на влијанието.
Во двогодишниот план за имплементација ЕД Планетум активно ќе работи на петте области (идеи, заеднички каузи и заеднички акции, вредности, убедувања и ставови, конституенти / граѓански ангажман, организациски развој, општествено влијание). За секоја област ЕД Планетум има јасно зацртани цели со активности од кои ќе произлезат видливи продукти.

Период на имплементација : април 2016 до април 2018 година

Донатор: Швајцарска Конфедерација во рамките на проектот „Програма за поддршка на граѓанско општество Цивика Мобилитас“