Друго делување - Мониторинг на акциски планови од локалните стратегии на општина Струмица - соработка со граѓански сектор

Назив на проект: Мониторинг на акциски планови од локалните стратегии на општина Струмица – соработка со граѓански сектор

Спроведувајќи го мониторингот, ЕД Планетум имаше за цел да ја зголеми соработката помеѓу општината и граѓанскиот сектор и негово вклучување во имплементација на Акцискиот план за Локaлна стрaтегија за соработка со граѓански сектор.
Во рамките на мониторингот има повеќе засегнати страни и вклучени во спроведувањето на активностите односно конкретните акции кои треба да се преземат за да се постигнат стратешките цели во секоја од четирите области.
-Одделение за ЛЕР, Совет на ЛС, Центар на заедница, Одделение за правни дејности, Сектор за управување со човечки ресурси и Одделение за финансии кои ќе бидат цел на мониторингот.
-Граѓански сектор преку свои членови кои се вклучени во обуките за мониторинг и негово спроведување. Со оглед на тоа дека граѓанскиот сектор е претставник на граѓаните тоа значи и дека една засегната страна се и граѓаните на о. Струмица.
За потребите на проектот беа ангажирани мониторинг тимови составени од претставници од граѓанскиот сектор.Членовите на тимовите беа претходно обучени за мониторинг и имаа за задача да ја следат работата на одделенијата и секторите во о. Струмица кои се одговорни за спроведување на акцискиот план. По завршувањето на мониторингот беше изработен извештај со препораки и заклучоци за подобрување на спроведувањето на акцискиот план кој ќе биде претставен пред претставници од општина Струмица и граѓанскиот сектор.
Преку мониторингот се доби јасна слика за спрoвeдувањето и текот на активнoстите предвидени во aкцискиот план. Исто така се согледа и фактичка состојба во врска со искористување на општинските ресурси за остварување на стратешките цели.

Период на имплементација: јуни до декември 2016

Донатор : ФООМ