Актуелна тема

Прекуграничен Забавен Центар

Мрежата „ Прекуграничен Забавен Центар“ од септември започнува со понуда на кулинарни викенди

Planetum

Planetum

Регионален форум „Рудници - Да или НЕ“

ЕД Планеум како институционален грантист на Цивика Мобилитас, беше дел од Регионалниот форум „Рудници Да или Не“ кој се одржа на 5 декември 2017 во Дом на АРМ Струмица а во организација на Цивика Мобилитас.
Повеќе информации за Регионалниот форум "Рудници - Да или НЕ" на следната врска:

Рудници Да или Не
Planetum

Прва вертикална градина во Струмица

Еколошкото друштво „Планетум“ во соработка со ЈПКД „Комуналец“ и Општина Струмица ја поставија новата вертикална зелена градина на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица.
Вертикалната градина со димензии од 3 метри височина и 4 метри должина е уредена со 100 садници (хризантеми, темјанушки, перени, бршлен, каранфил и др). До вертикалната градина се поставени и две клупи со должина од 1,5 метри кои ќе служат за одмор на струмичани и се осветлени и во ноќните часови.
Преку овој концепт за вертикални зелени градини сакаме да ги мотивираме граѓаните и институциите во иднина да развијат зелени ѕидови на објекти и станбени згради кои како еколошки трендови сẻ почесто се застапени во архитектонската практика. Долгорочно гледано, доколку во нашето урбано подрачје се иницира практика на воспоставување вертикални зелени градини и ѕидови, тоа ќе влијае позитивно на климата и поголемо количество на кислород, а намалување на јаглерод диоксид, намалување на прашината и загадувањето на воздухот, намалување на бучавата. Понатаму, тие вертикални градини ќе го разладуваат воздухот во лето а во зима ќе ја задржуваат топлината како изолатори на згради. Сетоа ова ќе има позитивно влијание врз психолошката свест и продуктивност кај човекот.
Вертикалните градини може да сед постават или вградат на сите локации, посебно во урбаните средини каде хоризонталните простори се веќе испланирани и не дозволуваат нови стандардни хоризонтални зелени површини.

Planetum

Прекуграничен Забавен Центар

Еколошкото друштво Планетум - Струмица во партнерство со Здружението Пирински туристички форум - Благоевград избра пилот мини-дестинации или т.н. туристички „јазли“ на мрежата за одржлив туризам „Прекуграничен забавен центар“. Од Благоевградска област тоа се „јазлите“нБлагоевград, Банско, Гоце Делчев, Петрич и Струма, а од Југоисточен плански регион (Македонија) – „јазлите“ Струмица, Ново Село, Дојран, Гевгелија и Радовиш.
Претставници на 10-те „јазли“ се собраа во Струмица, Македонија, на првата работилница на мрежата која се одржа на 25 и 26 ноември 2017 година. На средбата беше разгледан концептот на прекуграничниот забавен центар, функционирањето на мрежата од туристички „јазли“ и создавање на новите атрактивни туристички услуги кои ќе бидат продадени преку специјален интернет портал за таа намена.
Цело соопштение


Planetum

Прекуграничен Забавен Центар

За потребите на проектот „Прекуграничен Забавен Центар“, финансиран од страна на ЕУ прекугранична соработка Р. Бугарија – Р. Македонија, ЕД Планетум објавува повик за ангажирање на компанија за логистика.
Сите заинтересирани компании потребните информации може да ги најдат во документите подолу.


Instruction_to_Tenderers_Logistics_Planetum
Contractnotice_Logistics_Planetum
Draft_Contract_Special_Conditions_Logistics_Planetum
General_Conditions_Contract_Logistics_Planetum
ToR_Logistics_Planetum
O&M_Logistics_Planetum
Budget_Logistics_Planetum
Annexvifif_en
Annexvilefind_en
Annexvilefcompany_en
Annexvilefpublic_en
Admingrid_Logistics_Planetum
Evalgrid_Logistics_Planetum
Tenderform_Logistics_Planetum

Еколошки проблем: Депонии на патот кон с. Водоча и депонии во внатрешноста на с. Водоча

Како резултат на воочување на проблем со диви депонии кои се наоѓа на патот Струмица - с. Водоча кон с. Вељуса од страна на повеќе загрижени членови на организацијата, тимот на ЕД Планетум покрена иницијатива за актуелизирање на овој проблем. Првиот чекор кој беше направен беше организирање средба со месното население.

Иако на почетокот ни беше посочен проблемот со постоење на дива депонија вдолж патот Струмица - с. Водоча –с. Вељуса, до мостот односно до влезот на селото, по посета на местото утврдивме и дека постои истиот проблем и во самото село Водоча. Селото е затрупано со отпад како по речното корито така и во внатрешноста . Тргнувајќи од овие два проблеми , односно депониите во надворешноста и внатрешноста на селото и отпадот кој го има насекаде, ЕД Планетум организираше средба со мештаните од оваа населено место.


Planetum

На средбата се дискутираше за следниве прашања:
1. Што е проблемот?
2. Предлог-решенија за проблемот;
3. Понатамошни мерки и активности.
Од страна на приустните беше посочено дека проблемот се депониите внатре во селото и оние надвор од селото. Во однос на отпадот односно депониите кои се создадени внатре во селото за време на дискусијата се постави прашањето кој е одговорен за фрлањето на отпад покрај реката и другите места во селото. На оваа прашање присутните ја преземаа одговорноста и гласно кажаа дека тие самите го фрлаат отпадот. Причината е немањето канти односно садови за фрлање на отпад и контејнери во самото село како и непостоење на систем за собирање на отпад. Месното население нема каде да го фрла отпадот, единствен контејнер има во манастирот а отпадот од тој контејнер се собира секоја среда од страна на ЈПКД Комуналец. Од таа причина, секој жител се снаоѓа на свој начин и неорганизирано го фрла отпадот до најблиската слободна односно јавна површина во селото со што се создаваат депонии.

Како можни решенија кои присутните ги предложија се: за секоја куќа (домаќинство) да се обезбеди сад за собирање на отпадот. За да се обезбеди тоа мора да се склучи договор за собирање на отпад со ЈПКД Комуналец Струмица. Овде се покрена прашањето за цената која мора да биде прифатлива за сите домаќинства, а ги има околу 85. Исто така присутните се согласија откако ќе се обезбедат овие садови за собирање на отпад да се организираат во еко акција за чистење на депониите. Се дискутираше и за тоа да се одреди некое локално место кое ќе служи како локална депонија за отпадот што произлегува од земјоделски производи.


Planetum

Наредни чекори кои ќе бидат преземени од страна на ЕД Планетум :
• Состанок со претставниците на манастирот Св. Леонтиј Водоча кој се наоѓа во самото село;
• Состанок со ЈПКД Комуналец заради наоѓање на заедничко решение во однос на обезбедување садови за собирање отпад (канти пред секоја куќа), отстранување на депониите од селото и договор кој опфаќа понуда на прифатлива цена за мештаните;
• Повторна средба со мештаните од с. Водоча со цел да им бидат презентирани заклучоците од средбите и евентуалните можни решенија.
Во однос на депониите кои се распространети надвор од селото односно вдолж самиот пат Струмица – с. Водоча – с. Вељуса беше донесен следниов заклучок:
Овие депонии надвор од селото ги создаваат жителите од с. Баница како и жителите на Струмица . Првите најмногу фрлаат отпад од земјоделски производи, а Струмичани фрлаат најмногу градежен шут и отпад.