Урбан развој (Проекти) - Go Green урбано уредување

Назив на проект: Go Green, be part of Guerilla gardening team!!

Проектот во себе содржи два елемента: едукативен, насочен кон реупотреба на отпад и практичен, стекнување со градинарски вештини и воведување нова алатка за вклучување на јавноста во уредувањето на површини со цел промовирање и подигање на еко активизмот на повисоко скалило.
Во проектот се вклучија повеќе чинители од заедницата (ученици, студенти, претставници од институции, пензионери, претставници од граѓански сектор) кои преку заеднички акции и излегувањето надвор во јавноста уредија повеќе површини со сезонски и зимзелени растенија притоа ширејќи го позитивниот дух кон заедницата.
Преку креативните работилници и „герила гарденинг“ се остварија позитивни влијанија и промени кај директните учесници, но и кај граѓаните. На овој начин, преку едно креативно, ефикасно , иновативно дејствување и користење на симболична алатка во нашата зедница успеваме да покриеме многу бетонски површини со зеленило кое игра важна улога во здравјето на човекот, значајна улога за животната средина, промената на навиките и подобрување на квалитетот на животот воопшто.
Во проектот беа користени различни методи за спроведување на активностите:
-Директно вклучување на целните групи (мапирање, фотографирање, садење, изработка на скулптури и саксии).
-Неформална едукација преку креативни работилници каде учесниците се стекнаа со вештини за реупотреба и практична примена на отпад (хартија и пластика) изработувајќи саксии.
- Показен метод за претставување на начини и можности за уредување на неуредените површини и односот кој јавноста треба да го има кон нив.
- Директни контакти/комуникација со целни групи за вклучување волонтери во акцијата „герила гарденинг“.

Период на имплементација: мај -октомври 2014

Донатори: env.net, punto.sud