Назив на проект: Зелена граѓанска акција во Струмица
Oпис на проектот: Проектот имаше за цел мобилизирање на локалните ресурси за подобрување на зелената инфраструктура и инфраструктурата за игра и релаксација во урбани и рурални средини во општина Струмица.
Во рамки на проектот беа уредени и озеленети 6 (шест) јавни површини во општина Струмица и во околните населени места како и приспособени и уредени 6 (шест)постоечки површини пред станбени згради во вид на места за игра и релаксација.
Организирајќи заеднички акции пред станбени згради и во рурални места се работеше на социјализација и вмрежување на граѓаните.Работевме и на едукација за реупотребата на отпад организирајќи креативни работилници со ученици од средните училишта. Со едно училиште се изработуваа декорирани саксии од употребени лимени канти, со учениците од дрвопреработувачка насока од стари палети се изработуваа комплети од маси и клупи додека пак учениците од средно стручно училиште-хортикултурна насока учествуваа во оплеменување на јавните површини. Заради подигање на свеста кај граѓаните локалните телевизии ги следеа и надгледуваа уредените површини.
Проектот резултираше со: анимирани локални човечки ресурси за вклучување во заеднички акции, искористени локални капацитети за собирање на отпаден материјал и други материјални и финансиски средства кои послужија за уредување на просториите, намалување на бројот на неуредени површини во општина Струмица, подигнати капацитети на граѓаните за реупотреба на отпадот, постојано информирани граѓани и институции за состојбата на уредените површини.
Во спроведувањето на проектот учество земаа и следните партнерски организации од Струмица: Организација на жени, Младински совет и ЈПКД Комуналец.
Период на спроведување: јануари 2015 до јули 2016 година
Донатор: Фондација Отворено општество, УСАИД и општина Струмица.