ПРИНЦИПИ И ВРЕДНОСТИ НА ЕД ПЛАНЕТУМ

Принципите и вредностите ја претставуваат суштината на здружението и го утврдуваат начинот на однесување на секој поединец од здружението, на здружението во целина како и процесот на донесување одлуки.



Основни вредности

• Грижа за животната средина и животот и здравјето на луѓето: Постапуваме и дејствуваме во интерес на здрав и квалитетен живот на луѓето, се однесуваме одговорно кон околината и размислуваме долгорочно. Нашите одлуки ги имаат во предвид и потребите на идните генерации.
• Почит: Го цениме мислењето, знаењето и трудот на нашите вработени и волонтери, членови, корисници и партнери, и овозможуваме нивно учество во одлуките кои ги носиме и изразување на критичко мислење за нашата работа.
• Интегритет: Високо ја цениме чесноста како етичка вредност и го осудуваме секој вид на нечесност (измама, поткуп, саботажа и др.), работиме домаќински и искрено споделуваме информации со целокупната јавност.
• Креативност и иновативност: Поттикнуваме споделување на различна перспектива и нов начин на гледање на работите. Создаваме атмосфера во која секој поединец има можност да го развива својот потенцијал и да ужива во работата.
• Волонтеризам: Кон нашите волонтери се однесуваме со почит и инвестираме во нивниот развој. Се трудиме да им овозможиме да го искористат својот потенцијал и ентузијазам обезбедувајќи им соодветни услови и ресурси со кои располага организацијата, а се обидуваме и соодветно да ги наградиме за нивните напори.
• Тимска работа: секој поединец од тимот е важен, но преовладува тимскиот дух во остварување на заедничка цел. Работиме заедно за обезбедување на одржливи резултати.