Друго делување - Локална кампања против климатски промени

Назив на проект: Локална кампања против климатски промени

Во локалната кампања против климатски промени „Климата не е на копче“ се вклучија повеќе целни групи преку различни активности. Преку работилниците за пишување на стрип се зголемија знаењата и вештините за пишување на стрип, еко приказна а се зајакнаа и вештините за тимската работа и волонтеризам. Младите вклучени во работилниците го илустрираа стрипот „ Климата не е на копче“. Стрипот беше доставен до сите средни и основни училишта. Преку креирањето на еко-кафе пораките, кои беа дистрибуирани во кафетериите индиректно ја вклучивме и пошироката јавност.Секој посетител во кафе Концепт и кафе 19ка со нарачено кафе добиваше порака поврзана со климатските промени и начини за преземање на индвидуални активности за заштита на животната средина. Се изработи и боенка за видови на животни загрозени од климатските промени на светско ниво. Боенката се дистрибуираше до сите дечиња од прво одделение и предшколска возраст во Струмица,Дабиља и Куклиш кои низ работилници беа запознаени со видовите на животни загрозени од климатските промени на светско ниво опфатени во боенката. Со марширање низ улици носејќи транспаренти со пораки ги информиравме но и се обидовме да ја подигнеме свеста на граѓаните за последиците од климатските промени и нивната улога во справувањето со нив вклучувајќи ги во директни активности.
На овој начин, остварувајќи ги конкретните цели за едуцирање на младите и децата како и зголемување на соработката помеѓу различни целни групи во борбата против климатските промени успеавме да ја вклучиме и мобилизираме јавноста а посебно и младите во директни активности за решавање на проблемите со климатските промени во струмичкиот регион . Вклучени инситуции: основните и средните училишта и детските градинки од Струмица.

Период на имплементација : март до ноември 2016

Донатор: енв.нет мрежа, 4x4 x4 Балкански Мостови , општина Струмица.