Квалитет на животна средина и користење на природни ресурси

Како една од мерките кои може да придонесат во намалување на загадувањето на животната средина законодавството предвидува добивање на интегрирани еколошки дозволи за правни и физички лица кои се занимаваат со одредени дејности утврдени со закон. Во изминатите неколку години Планетум има изработено поголем број на еколошки елаборати за физички и правни лица од повеќе општини во југоисточниот регион на Македонија и како организација веќе е позната во поголемиот дел од регионот по оваа услуга. Исто така, во изминатите осум години Планетум интензивно работеше и на Програмата за зголемување и уредување на зелените површини во општина Струмица. Планетум се застапува и за создавање на траен систем за одржување на зелените јавни површини. Со програмата беа уредени и озеленети повеќе јавни површини и дворови пред колективни станбени згради како во урбаната така и во неколку рурални средини од општината. Оваа програма создаде практика кај населението (со потпишување на барање од поголем број на граѓани) да се пријавуваат во Планетум за уредување на дворови. Постои интерес и од правни и физички лица за уредување на нивните дворови од страна на Планетум.

Потребите на заедницата, експертизата и техничката опрема на Планетум овозможуваат развивање на програма на услуги за изработување на еколошки елаборати, мерење на бучава (во рамки на изработувањето на еколошките елаборати или одделно) и зголемување и одржување на зелени површини. Тоа од една страна ќе придонесе кон почист и поквалитетен воздух, а од друга страна кон поголемо самофинансирање на функционирањето на организацијата.