Еко туризам (Проекти) - Беласица без граници

Назив на проект: Беласица без граници

Проектот имаше за цел подобрување на одржливото користење на природните ресурси заради развој на еко-туризмот преку воспоставување на прекугранична мрежа како и размена на информации “know-how“.
Во рамки на проектот беа одржани повеќе обуки наменети за обучувачи и различни целни групи во Македонија, практичен семинар во Бугарија како и неколку работилници за изработка на проектни идеи во Струмица. Работилниците резултираа со: зголемување на јавната свест за заштита на животната средина; зголемување на соработката на пограничниот регион помеѓу двете држави; имплементирајќи го проектот по целни групи се заштитија природните ресурси; зголемен бројот на туристи заинтересирани за природата и за локалниот идентитет. На крај се одржа завршна конференција на која беше воспоставена мрежа помеѓу различни сектори во пограничните региони и беа одредени следни чекори за соработка од областа на еко-туризмот помеѓу двата региона.
Во креирање и имплементација на проектот освен Министерството за животна средина на Германија учество земаа и општина Струмица како и здруженијата Природен парк „Беласица“ од Р. Бугарија, Национален парк „Керкини“ од Р. Грција, „Биоразнобразие“ од Р. Бугарија и „Еуронатур“ од Р. Германија.

Период на имплементација: јануари 2013 до декември 2015

Донатор: Министерство за животна средина на Германија и општина Струмица